КАМИОН ИЗЛЕТА И ПАДНА ВО ПРОВАЛИЈА Загина возач од Косово кај Деве Баир

Камион со косовски таблички излетал од патот кај селото Узем, возачот загинал на самото место.

188

Тешка сообраќајна несреќа утрово на патот кон граничниот премин Деве Баир заврши со трагичен исход, откако товарно возило излетало од патот и паднало во провалија.

Несреќата била пријавена во 04:50 часот во ОВР Крива Паланка. Според информациите, камион „сканиа“ со косовски регистарски таблички, управуван од 56-годишниот Н.Х. од Косово, излетал од магистралниот пат Деве Баир – Крива Паланка, во атарот на селото Узем.






Од здобиените повреди, возачот починал на самото место. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

На местото на несреќата бил извршен увид од надлежните служби, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Причините за несреќата се утврдуваат.

Поврзани содржини