🎥 ЗА ФИЛИПЧЕ НА ВОДИЦИ „БОГ СЕ РОДИ“ За „Бог се јави“ ќе почека до Велигден
Лидерот на СДСМ ги помеша верските поздрави за Водици и за Божиќ.
Наместо со поздравот „Бог се јави“, со кој православните христијани се поздравуваат на денешниот празник Богојавление-Водици, лидерот на СДСМ Венко Филипче во својата пригодна изјава од Охрид, каде присустуваше на празнувањето, поздрави со изразот „Бог се роди“.
Со овој поздрав христијаните се поздравуваат по празникот Божиќ, Рождество Христово, кој се празнува на 25 декември според Грегоријанскиот, или на 7 јануари според Јулијанскиот календар.