700 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕВРООБВРЗНИЦАТА СЕ ЗА ВРАЌАЊЕ ДОЛГОВИ НА ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА Со остатокот ќе се реализираат проекти за граѓаните

Врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница, кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. 

441

Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, зборувајќи за најновата еврообврзница од милијарда евра.

– Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната влада. Минатата година во јануари вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната влада, а со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години – рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.






Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, додаде тој, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната влада.

– Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени – дополни премиерот Мицкоски.

Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот.

Поврзани содржини