ЛОША ХИГИЕНА И ПРОИЗВОДИ СО ПОМИНАТ РОК Агенцијата за храна казни 22 маркети
Агенцијата за храна контролираше 188 маркети и хипермаркети и изрече казни во вкупна вредност од 40.000 евра.
Приближно 40.000 евра во денарска противвредност е вкупиот износ на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна, во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети.
Како што се наведува во соопштението на АХВ, во акцијата која се спроведе од 13 до 16 јануари годинава, се контролирани 188 оператори со храна од оваа категорија.
„Кај 10 оператори се утврдени полесни повреди од областа на безбедноста на храната, какоо неселектираност на разладните уреди, нејасни и нечитки декларации на производите и слично, за што се изречени мерки опомена, а во 2 маркета е констатирано дека вработените лица немаат санитарни книшки“ соопштени Агенцијата.
Оттаму додаваат дека кај 6 од контролираните меркети е утврдено дека немаат имплементирано процедури за примена на правилата на добра призводствена и добра хигиенска пракса, а кај 14 маркети затекната била храна со изминат рок на траење.
Како небезбедени се одземени и нештетно уништени над 253 килограми храна – месо и преработки од месо, млечни, кондиторски и други видови производи.