НЕМА НИШТО СПОРНО ВО БИОГРАФИИТЕ НА НОВИТЕ ЧЛЕНКИ НА СУДСКИОТ СОВЕТ Не се партиски луѓе и стручната фела стои зад нив
Претседателката вели дека најважно е тоа дека ако стручната фела застанува зад двете кандидатки, а дека фелата застанува без оглед на партиска блискост.
Нема ништо спорно во работните биографии на избраните кандидатки, напротив сè што правеле било врзано за правото, за стручноста и компетентноста“.
Ова вечерва го истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова за именувањето на адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска и професорката Арлинда Кадри Шахиновиќ за членови на Судскиот совет.
Таа посочи дека, при нивното предлагање, се водела од тоа што и го одбележува животот, од стручноста и компетентноста. Впрочем, потенцира претседателката, јас не знам колку извештаи годишни сме добиле, ама и совети, па и изјави сме чуле за департизација и деполитизација.
– Мене не ме интересираше. За среќа обете не се партиски луѓе. Значи се водев од стручноста и компетентноста и ги консултирав оние кои се стручни и компетентни во оваа област. Забелешките воопшто не држат. Веднаш ќе кажам на пример, да јас знам за сите нас што значеше 27-ми особено за мене. Јас сум специјално трауматизирана, причината зошто, бидејќи за време на мојот мандат тројца од нив починаа во затворот со драконски несоодветни казни, ама веднаш ќе кажам една од моите кандидатки со право пред Уставниот суд, исто така мислам дека и Светскиот македонски конгрес истовремено покрена постапка укажувајќи на дискриминацијата како во квалификацијата на делото, така и во судењето, така и во должината на казните. Не гледам јас тука проблем – рече Сиљановска Давкова во гостување на ТВ Сител.
Добар правник, појасни претседателката, и етички размислува.
– Мојата кандидатка исто, на некои од тие кандидати волонтерски им помагала. Што се однесува до шарени револуции и слично луѓето од различни причини за појавуваа таму сè додека револуцијата не беше киднапирана и мои колеги имам. Јас не можам да ги избришам, тие можеби го критикувале Јавното обвинителство. На пример, мојата кандидатка си заминала од таму. Мислам дека фактот што во фелата не само што ужива углед, фактот што била извонреден студент, но и фактот што е храбра да ги каже нештата јавно ја прави навистина вистинска личност за еден ваков орган. Дури и пратив порака „време е да се разбурка Судскиот совет“. Што се однесува до втората кандидатка, млада професорка, посветена на професијата – истакна Сиљановска Давкова.
Претседателката вели дека најважно е тоа дека ако стручната фела застанува зад двете кандидатки, а дека фелата застанува без оглед на партиска блискост.
– Ако претседателот на Судскиот совет во нив препознава идни, вредни, потребни колешки, мислам дека добар чекор сум направила. Впрочем, времето ќе покаже. Нема ништо спорно во CV-та на предложените кандидатки, напротив се што правеле било врзано за правото, за стручноста и компетентноста. Не гледам тогаш пречка. Посакувам и другите членови да ја следат оваа траекторија, овој пат и тогаш мислам дека ќе има реформи оти без реформски профили на луѓе не може да има реформа во судството – додаде претседателката Сиљановска Давкова.