ЏОДИ ФОСТЕР СТАНА ЛЕЗБЕЈКА ПОРАДИ МЕНЕ Атенаторот на Реган повторно шокира
Мислам дека ја трауматизирав (глумицата Џоди Фостер) и дека мојата фасцинација со неа остави длабоки последици, изјавил човекот кој во 1981 година се обиде да го убие тогашниот американски претседател. Џон Хинкли призна дека бил фасциниран од филмот „Таксист“ и дека сметал дека со атентатот ќе ја фасцинира младата Фостер.
Џон Хинкли помладиот, човекот кој во 1981 година се обиде да го убие американскиот претседател Роналд Реган, повторно ја вознемири јавноста со бизарна изјава дека „е причината зошто Џоди Фостер станала лезбејка“.
Во интервју за TMZ, Хинкли тврдеше дека неговиот неуспешен обид за атентат толку ја потресол актерката што „се одвратила од мажите“.
– Мислам дека ја трауматизирав и дека мојата фасцинација со неа остави длабоки последици – изјавил тој, промовирајќи ги своите мемоари „Џон Хинкли Џуниор: Кој сум јас навистина“.
Ronald Reagan Attempted Assassin John Hinckley Jr. Believes He Turned Jodie Foster Lesbian https://t.co/SkMRUBr53x pic.twitter.com/11PiFezB8n
— TMZ (@TMZ) January 15, 2026
Хинкли, кој во младоста бил опседнат со актерката уште од филмот „Таксист“, во кој таа глумела малолетничка проститутка, признал дека додека студирала на Јеил успеал да го дознае бројот на нејзината соба и дури ѝ пуштал песни под врата.
– Се гледав себеси како Травис од ’Таксист‘. Мислев дека ако го убијам претседателот, ќе ја импресионирам Џоди – рекол Хинкли.
Во март 1981 година тој навистина заминал во Вашингтон со револвер со калибар 22 и испукал шест куршуми за 1,7 секунди, ранувајќи го тогашниот претседател Реган и уште тројца членови на обезбедувањето. Поротата го прогласи за невин поради лудило, а следните 3 децении ги помина во психијатриска установа.
– Поротата направи правилна работа – тврди Хинкли денес, додавајќи дека повеќе не зема лекови и живее „мирен живот“.
TMZ контактирал со тимот на Џоди Фостер, но таа досега не дала коментар.
Во филмот „Таксист“ во кој игра Фостер, главниот лик сепак прави нешот друго. Тревис, ликот, не пука во претседателскиот кандидат, тукузавршува како локален херој убивајќи тројца мажи кои сексуално ја експлоатираат малолетната Ирис (која ја игра Џоди).