НАЈПОЗНАТИОТ ХРВАТСКИ БИЗНИСМЕН ЈА ИЗНЕНАДИ ЈАВНОСТА СО НОВА ДЕВОЈКА Која е новата љубов на Мате Римац?

Римац се појавил на гала концертот „Глазбени те зове“, одржан во Хрватскиот народен театар во Загреб, каде што седел во друштво на млада жена во текот на целата програма. Нивното заедничко појавување и видлива блискост го привлекле вниманието на дел од публиката, а фотографиите објавени на Индекс.хр, го потврдија тоа.

145

Познатиот хрватски бизнисмен и иноватор, кој го купи легендарниот Бугати и е ко-основач на „Верне“, хрватска компанија за целосно електрични роботакси возила, деновиве е актуелен во хрватската јавност, но не поради вообичаената тема – автомобилите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mate Rimac (@materimac)







Овојпат, Римац го привлече вниманието поради неговиот приватен живот, кој инаку ретко го изложува во јавност. Неговото појавување на еден од попрестижните културни настани во Загреб не остана незабележано, главно поради личноста со која пристигна таму.

Римац се појавил на гала концертот „Глазбени те зове“, одржан во Хрватскиот народен театар во Загреб, каде што седел во друштво на млада жена во текот на целата програма. Нивното заеднички појавување и видлива блискост го привлекле вниманието на дел од публиката, а фотографиите објавени на Индекс.хр, го потврдија тоа.

Која е новата девојка на Мате Римац?

Според хрватските медиуми, новата девојка на Мате Римац е 28-годишната Барбара Котарски, натпреварувачка на минатогодишниот натпревар на Индекс, за најубава Хрватка. Барбара е од Самобор со постојана адреса во Загреб, а се претставува како дипломиран економист, модел и филантроп.

Моделството веќе ја однесе во бројни светски метрополи, а по дипломирањето бизнис економија во Риека, ја развива својата кариера во насока на финансии.

Таа се занимава со хуманитарна работа во Африка и е членка на здружението SonTa (чија цел е да се подобри образованието на децата низ целиот свет) со фокус на Танзанија. Ја објавила и книгата „Заедно можеме да ги достигнеме ѕвездите“, а средствата од продажбата ја насочила кон образованието на децата во Африка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbara Kotarski (@barbarakotarski)

Таа е претседател на здружението LearnTwoHelp, кое исто така се фокусира на образованието на децата во сиромашните области.

Поради манекенската кариера извесно време живеела и во Истанбул, а на Инстаграм ја следат над 15 илјади луѓе, секако, вклучувајќи го и Мате Римац.

Љубовниот живот на Мате Римац

Во јуни 2024 година, според Индекс, Мате Римац и Катарина Ловриќ се развеле по три години брак. Во тоа време, неколку извори блиски до Римац ја потврдиле оваа информација.

По веста за разводот, се појави информација дека таа повеќе не работи во неговата компанија. Неколку месеци подоцна, дознавме дека тој се гледа со Валентина Блажековиќ (дури отиде во нејзиниот роден град Доњи Михољац на кирвај, односно, традиционална прослава во Славонија).

Неговата персонализирана Невера со регистарските таблички Магла-1 тогаш била видена паркирана во дворот на нејзината семејна куќа, на изненадување на жителите на овој славонски град.

Валентина објавила фотографии од Мате и неговиот автомобил на својот Фејсбук профил. Само нејзините пријатели на Фејсбук можеле да ги видат фотографиите.

Индекс потоа стапил во контакт со Валентина, за да ја прашаат за нејзината врска со Мато, а таа одговорила дека нема коментар на таа тема. Сепак, таа врска брзо се распаднала.

Поврзани содржини