НЕВИДЕНИ ПОСЛЕДИЦИ АКО НЕКОЈ ГО ЗАГРОЗИ СУВЕРЕНИТЕТОТ НА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА Макрон порача дека Франција е солидарна со Данска за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан Ноел Баро најави дека Франција на 6 февруари ќе отвори конзулат на Гренланд, а тоа е планирано уште минатата година.

1,277

Ако суверенитетот на некоја европска земја и сојузник е загрозен, последиците би биле без преседан, предупреди денеска францускиот претседател Емануел Макрон, алудирајќи на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз арктичката територија.

– Не ги потценуваме изјавите за Гренланд. Доколку суверенитетот на европска земја и сојузник е загрозен, последиците би биле без преседан. Франција многу внимателно ја следи ситуацијата и ќе дејствува во целосна солидарност со Данска и нејзиниот суверенитет – вели Макрон.






Францускиот министер за надворешни работи Жан Ноел Баро најави дека Франција на 6 февруари ќе отвори конзулат на Гренланд, а тоа е планирано уште минатата година.

Тој наведе дека САД мора да престанат да го уценуваат Гренланд.

– Напад врз друга земја членка на НАТО не би имало смисла, би било спротивно и на интересите на САД и затоа оваа уцена мора да престане – вели Баро.

Денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека постои силна врска меѓу ЕУ и Гренланд и дека народот на Гренланд може да смета на поддршката од ЕУ.

Министрите за надворешни работи на Данска и на Гренланд попладне во Белата куќа во Вашингтон ќе се сретнат со потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс и со државниот секретар Марко Рубио, по неколкунеделните закани од претседателот Доналд Трамп дека САД ќе го преземат Гренланд од Данска.

Поврзани содржини