ИТНО НАПУШТЕТЕ ГО ИРАН ИЛИ НАЈДЕТЕ БЕЗБЕДНО ЗАСОЛНИШТЕ Повик од САД до американските државјани

Веднаш напуштете го Иран. Имајте план за излез од Иран кој не се потпира на помошта на американската влада, ги предупредија САД своите граѓани во земјата.

643

Соединетите Американски Држави ги повикуваат своите граѓани да го напуштат Иран, додека Вашингтон продолжува да врши притисок врз Техеран да ја запре репресијата врз демонстрантите, а американскиот претседател Доналд Трамп не исклучува напад.

„Веднаш напуштете го Иран. Имајте план за излез од Иран кој не се потпира на помошта на американската влада“, велат САД во предупредување објавено на нивната веб-страница за „виртуелна амбасада“ за Иран.






На американските граѓани кои не се во можност да го напуштат Иран им се советува да „најдат безбедно место“, да се снабдат со храна и со други основни производи и да бидат свесни за нивната околина во секое време.

Трамп се закани со воена акција врз Иран и објави дека секоја земја што соработува со Иран ќе се соочи со нова царина од 25 проценти за извоз во САД.

Иранските лидери се соочија со жестоки протести поради тешките економски услови и против длабоко вкоренетиот свештенички режим.

Во протестите се убиени 505 демонстранти, 113 припадници на војската и 7 минувачи.

Од почетокот на протестите на 28 декември, уапсени се 10.721 лица.

Поврзани содржини