📽️ (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) ДЕВОЈКИ ПРЕГАЗЕНИ ОД ВОЗИЛОТО КОЕ ТРЕБАЛО ДА ГИ ОБЕЗБЕДУВА Тешко повредени тинејџерки по пад од санка

По пад од санка која била влечена со автомобил, девојките завршиле под тркала на друго возило, а двајца возачи се уапсени.

519

Две тинејџерки на возраст од 16 и 17 години се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила во четвртокот навечер во село во близина на Краљево, Србија. Откако паднале од санка која била влечена со автомобил, потоа биле прегазени од друго возило кое требало да ги обезбедува.

Несреќата се случила околу 22 часот, кога 19-годишен возач на автомобил „фолксваген“, кој поседувал условна возачка дозвола, влечел санка по снежна улица. На санките се наоѓале двете девојки, кои во еден момент паднале на коловозот.






Набргу потоа, на нив налетал автомобил „фиат“, управуван од 35-годишен маж, кој се движел зад нив со намера да ги заштити од други возила, но поради снежните услови не успеал навреме да запре.

Повредените тинејџерки веднаш биле пренесени во болницата во Краљево. Кај едната биле констатирани тешки повреди на нозете, додека другата се здобила со повреда на главата.

Полицијата ги лишила од слобода двајцата возачи, против кои ќе бидат поднесени кривични пријави за тешки дела против безбедноста на јавниот сообраќај.

На социјалните мрежи во меѓувреме се појави вознемирувачка снимка од несреќата, објавена од новинарот Младен Мијатовиќ. На видеото, непосредно пред трагичниот момент, се слуша глас на една од девојките која вели: „Кажи му да забави“.

„Никогаш не правете вакви работи. По снегот возилото тешко запира, а несреќата може да се случи за една секунда. Малолетни девојки се тешко повредени, а двајца возачи се уапсени“, напиша Мијатовиќ на својот Инстаграм профил.

 

Поврзани содржини