БОГАТИТЕ ГО ПОТРОШИЈА ЈАГЛЕРОДОТ ЗА 10 ДЕНА Сиромашните ќе ги платат последиците
Анализата на „Оксфам“ и „Гардијан“ покажува дека климатската криза најтешко ги погодува оние кои најмалку придонеле за неа.
Еден процент од најбогатите земји во светот веќе го го искористиле својот дозволен удел во емисиите на јаглерод, само десет дена по почетокот на оваа година, покажува најновата анализа што ја пренесува британскиот „Гардијан“.
Истовремено, на 0,1 процент од најбогатите држави им биле потребни само три дена за целосно да го исцрпат својот годишен јаглероден буџет, покажува студијата на невладината организација „Оксфам“. Од таму предупредуваат дека најтешките последици од прекумерните емисии ќе ги почувствуваат оние кои најмалку придонеле за климатската криза – жителите на земјите со ниски приходи, домородните заедници, како и жените и девојчињата.
Како што се наведува во анализата, земјите со ниски и средни приходи се најизложени на ризик од штетните ефекти од климатските промени, а глобалната економска штета потенцијално може да достигне 44 милијарди фунти (50,7 милијарди евра) до 2050 година.
„Оксфам“ го повика британскиот министер за финансии да воведе повисоки даноци за екстремно богатите загадувачи, предупредувајќи дека најбогатите поединци и корпорации имаат несразмерна моќ и влијание. Организацијата посочува дека најбогатите еден процент во Велика Британија создаваат повеќе емисии на јаглерод за само осум дена отколку најсиромашните 50 проценти од населението за цела година.
За да се остане во рамките на договореното ограничување на глобалното затоплување од најмногу 1,5 степени Целзиусови над прединдустриското ниво, утврдено со Парискиот климатски договор од 2015 година, најбогатите еден процент од светската популација ќе мора до 2030 година да ги намалат своите емисии за дури 97 проценти, пренесува „Гардијан“.