РЕФОРМСКА АГЕНДА И ПОКРАЈ ПОЛИТИЧКИТЕ ПРИТИСОЦИ Премиерот Мицкоски уверува дека Владата не отстапува

Премиерот информира дека Владата останува посветена на европските стандарди и реформите и покрај билатералните предизвици.

1,190

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека Владата продолжува со реализација на реформската агенда и покрај, како што вели, наметнатиот билатерален спор кој го усложнува европскиот пат на државата.

Преку објава на својот фејсбук-профил, Мицкоски соопшти дека попладнево одржал работен состанок со својот владин тим, на кој фокусот бил ставен на реформите и исполнувањето на критериумите на Европската Унија.






„Борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор. Силно сме фокусирани кон стандарди за подобар живот на граѓаните. Таа борба продолжува“, напиша премиерот.

Мицкоски порача дека Владата останува посветена на европските стандарди и реформите кои, според него, директно треба да резултираат со подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, без разлика на политичките и дипломатските предизвици со кои се соочува државата.

Поврзани содржини