САД ГИ ОСЛОБОДИ ДВАЈЦАТА РУСИ ОД ЗАПЛЕНЕТИОТ ТАНКЕР „МАРИНЕР“ Захарова му се заблагодари на Трамп

Бродот беше запленет во средата од американските власти, кои велат дека е дел од „флота во сенка“ што помага да се заобиколат санкциите на САД со транспорт на нафта од Венецуела, Русија и Иран, и дека пловел под лажно знаме.

661

Вашингтон ослободи двајца Руси, членови на екипажот на танкерот за нафта под руско знаме што САД го запленија оваа недела во Северниот Атлантик, објави Тасс, врз основа на соопште ние на Министерството за надворешни работ на Руската Федерација.

„Како одговор на нашето барање, американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука да ослободи двајца руски државјани, членови на екипажот на танкерот за нафта Маринер“, пишува портпаролката на руското МНР Марија Захарова во соопштението, изразувајќи благодарност на Москва кон Трамп.






Бродот беше запленет во средата од американските власти, кои велат дека е дел од „флота во сенка“ што помага да се заобиколат санкциите на САД со транспорт на нафта од Венецуела, Русија и Иран, и дека пловел под лажно знаме.

Москва соопшти дека бродот обезбедил привремена дозвола да плови под руско знаме.

Специјалниот претставник на Москва, Кирил Дмитриев, денеска на Телеграм напиша дека претседателот Трамп „донел одлука да ги ослободи сите Руси“ од бродот „Маринер“.

Вашингтон претходно објави дека „екипажот ќе биде гонет“.

Русија вчера ги обвини САД за поттикнување „воени и политички тензии“ и изрази загриженост дека „Вашингтон е подготвен да предизвика сериозни меѓународни кризи“.

САД ГРУБО ГО КРШАТ МЕЃУНАРОДНОТО ПОМОРСКО ПРАВО Русија остро реагира на запленувањето на нејзиниот танкер „Маринер“

Поврзани содржини