ВО КИЧЕВО СИНОЌА СЕ ЕВАКУИРАНИ 60 ЛИЦА Во повеќе општини има поплавени домови и земјоделски површини

Центарот за управување со кризи ги повикува граѓаните да бидат внимателни и да ги следат официјалните упатства.

184

Центарот за управување со кризи информира дека обилните врнежи заклучно со 21 часот синоќа предизвикале излевања на дел од реките, поплави на станбени објекти, земјоделство земјиште, подруми, како и одрони и свлечишта на дел од патиштата. Од ЦУК велат дека ја следат состојбата и ги повикуваат граѓаните, доколку имаат потреба или забележат проблеми, да ги пријават на бројот 112.

Според пријавите и интервенциите споделени на Фејсбук страницата на ЦУК синоќа до 21 часот, во Кичево евакуирани се 60 лица откако биле поплавени станбени објекти на улицата Прилепска.






Регистрирани биле одрони на патот Гостивар – Стража, но сообраќајот се одвива редовно, а на патот Тетово – Бањиче имало одрони покрај коловозот.  Кај Балин Дол од излевање на Вардар, поплавени се 10 земјоделски парцели и неколку дворови и намалено е производство на ХЕЦ Маврово.

Во Битола и околината  имало поплава кај мостот во село Лера и е можно проширување кон селото, а во село Породин поплавена е живинарска фарма.

Во Општина Ресен, во селата Перово, Дремени и Долна Бела Црква поплавени се дворови и земјоделски земјишта, но реките не се излеани.

Во Охрид се пријавени поплавени подруми, гаражи и дворови, а интервенирале јавните претпријатија и и локалната самоуправа интервенирале

На патот Охрид – Пештани (кај хотел Гранит) се работело на расчистување на одрон на патот, како и во  Струга (Татеши – Мислодежда, Дебар – Струга).

Сите надлежни служби се на терен и активно интервенираат за справување со последиците од обилните врнежи. Граѓаните се повикуваат да бидат внимателни и да ги следат официјалните упатства, се вели во информацијата од ЦУК.

Поврзани содржини