ТОПЛИНАТА НЕМА ДА ДОЗВОЛИ ДА ПАДНЕ СНЕГ Следува силен мраз, па дождливи и ветровити денови

Во Скопје времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и студено со умерен ветер од јужен правец. Утрото ќе биде студено, со минимална температура од минус 11 степени, а дневната ќе се искачи до 3 степени Целзиусови.

414

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Попладне во западните делови од Македонија ќе има слаб локален дожд, а на планините и повисоките места снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.






Најстудено утрото ќе биде во Берово, каде температурата ќе се симне до мунус 14 степени. Максималната температура ќе достигне до 6 степени во Гевгелија, Прилеп, Битола и во Крива Паланка.

Фото: УХМР
Во Скопје времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и студено со умерен ветер од јужен правец. Утрото ќе биде студено, со минимална температура од минус 11 степени, а дневната ќе се искачи до 3 степени Целзиусови.

Под влијание на циклонска активност од сабота ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. На планините и некои од повисоките населени места врнежите ќе бидат од снег.

Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст.

Фото: УХМР
Поврзани содржини