ЛИНЕАРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА 1.000 ДЕНАРИ Мицкоски сака да се намали нееднаквата распределба на доходите

Во април, со мартовската пензија, ќе има линеарно зголемување на пензиите, така што продолжуваме со таа политика, рече денеска премиерот Христијн Мицкоски.

1,369

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека од мартовската пензија, која се исплаќа на почетокот на април, сите пензионери ќе добиваат зголемена пензија.

Во изјава дадена денеска во Кавадарци, премиерот рече дека статистичките податоци за нивото на сиромаштија и Џиниевиот коефициент ја оправдуваат политиката за линеарното зголемување на пензиите.






– Во април, со мартовската пензија, ќе има линеарно зголемување на пензиите, така што продолжуваме со таа политика. Сакаме да го намалиме нивото на стапката на сиромаштија кај оваа група, а со тоа и да го намалиме Џини коефициентот којшто подразбира нееднаква распределба на доходите кај различни групи на граѓани. Морам да признам дека во таа насока добро се движиме – рече Мицкоски.

Во однос на Џиниевиот коефициент, Мицкоски рече дека сме најдобри во регионот и над европскиот просек, а борбата против сиромаштијата е една од главните цели на Владата.

Предвиденото линеарно зголемување ма пензиите, според претходните најави, ќе биде за сума од 1.000 денари.

Поврзани содржини