📽️ ГОДИНАВА „АЛКАЛОИД“ СТАНА РЕГИОНАЛЕН ЛИДЕР ВО ФАРМАЦЕВТСКАТА МИКРОБИОЛОГИЈА Новата лабораторија има капацитет од 20.000 анализи на лекови годишно
„Алкалоид“ денес е компанија на над 3.000 вработени и на над 6.000 акционери. Огромен број иматели на удели имаат доверба во еден систем, стекната низ турбулентни времиња, но со искрен и чесен пристап, доследност и почит, вели првиот човек на компанијата.
„Покрај континуираното инвестирање во нови технологии, „Алкалоид“ неодамна ја пушти во употреба новата Микробиолошка лабораторија за контрола на квалитетот, со капацитет од приближно 20.000 анализи годишно, која ја позиционира компанијата како регионален лидер во фармацевтската микробиологија и во контролата на лекови.
‘Алкалоид’ денес е компанија на над 3.000 вработени и на над 6.000 акционери. Огромен број иматели на удели имаат доверба во еден систем, стекната низ турбулентни времиња, но со искрен и чесен пристап, доследност и почит“.
Вака истакна првиот човек на компанијата, генералниот директор Живко Мукаетов, во своето новогодишно обраќање.