ДЕКЕМВРИСКАТА ПЕНЗИЈА ЌЕ СЕ ИСПЛАТИ НА 2 ЈАНУАРИ Фондот информира дека за таа цел се обезбедени 150 милиони евра
Известувањата со прецизните податоци за бројот на пензионери и соодветните износи Фондот на ПИОМ веќе ги достави до сите деловни банки, со што се гарантира дека процесот на исплатата ќе се одвива ефикасно и без доцнење, соопшти Фондот.
Фондот на ПИОМ ги известува сите корисници на пензија дека целосно се обезбедени потребните средства за исплата на пензиите за месец декември 2025 година. Поради тоа што 1-ви јануари е неработен ден (државен празник), средствата ќе бидат префрлени до деловните банки на 2 јануари 2026 година.
Од Фондот информираат дека за исплата на пензиите се обезбедени средства во вкупен износ од 9.289.521.686 денари (околу 150 милиони евра) за вкупно 340.156 корисници на пензија.
„Известувањата со прецизните податоци за бројот на пензионери и соодветните износи Фондот на ПИОМ веќе ги достави до сите деловни банки, со што се гарантира дека процесот на исплатата ќе се одвива ефикасно и без доцнење“, се наведува во соопштението.
Фондот на ПИОМ им ги честита претстојните Новогодишни и Божиќни празници на сите пензионери и граѓани.