Среќна нова „еколошка“ 2026 година!

Македонија мора да биде свесна дека лажните активисти во сите дејности имаат само една цел. ПАРИ и само ПАРИ. Не ги интересираат нашите животи. Последен случај се збиднувањата околу загадувањето на воздухот во Скопје и изјавите за дислокација на одредени индустриски капацитети.

35

За да го развиеме рударството кое има научно докажани милијарди евра руда металична и неметалична на територијата на Македонија, мора да расчистиме еднаш засекогаш, а со почеток на новата 2026 година дека – интересот на државата и нејзините граѓани е пред интересот на поединци и нивните лукративни или романтични причини да го стопираат развојот на самата држава. Затоа мора да расчистиме со следново прашање, односно да дадеме логичен симплифициран одговор.

Што е активизам? Тој се дели на реалност и на тешки измами.






Кога би започнале да разговараме за активизам во која било дејност мора да размислуваме трезвено, рационално и прагматично. Како еден мал пример. Познавам млада дама уметник која со години ги троши своите хонорари на комплетно згрижување, нормално нега, хранење и кастрација на улични животни, пред сѐ, мачки и кучиња. За оваа млада дама уметник јавноста нема информации зашто е воспитана од дома да биде скромна. За разлика од оваа фина млада дама уметник, има групација која сака да се претстави во јавноста дека е хумана и загрижена за сите видови животни, а всушност се лажни активисти кои ја манипулираат јавноста со смртта на слоницата во нашата ЗОО градина. Слоницата беше подарок од земја членка на ЕУ со соодветна старост која поради грижата на нашите стручни лица ја надмина предвидената животна граница, а оние кои ја дадоа како подарок на Македонија кога животниот век на слоницата завршуваше дадоа одобрение за хуман крај и тоа на трошок на нашата ЗОО градина. Лажните активисти ја нападнаа државата дека е неспособна.

Македонија мора да биде свесна дека лажните активисти во сите дејности имаат само една цел. ПАРИ и само ПАРИ. Не ги интересираат нашите животи. Последен случај се збиднувањата околу загадувањето на воздухот во Скопје и изјавите за дислокација на одредени индустриски капацитети.

Ниту еден не е искрен кон граѓаните. Ниту еден нема познавање какви печки се користат во самите индустриски капацитети и каква е нивната топлотехничка (на која температура мора да работат) технологија и со каков енергенс (јаглен, гас, мазут итн.) работат. За да можете да говорите за дислокации мора првенствено да имате положено „Проектирање на металургиски објекти“, а за печките и загадувањето кои се актуелни деновиве во Скопје мора да полагате на Технолошко-металуршки факултет за да имате барем минимални познавања.

Е тоа е кога зборуваат политичари. А кога зборуваат научници, тоа оди на следниов начин. Во две реченици.

Во далечната 1994 година мојот факултет имаше 30 жардинерии во холот. По многу години разбрав дека моите професори испитувале кое растение може да опстои (преживее) на контаминираната почва. Е тоа е наука.

Но, има едно големо „но“. Дали сме спремни да расчистиме со популизмот на еколошките активисти. Многу ми се интересни Зелен хуман град. Посебно нејзиното „еколошко“ височество, поранешен функционер во Министерството за животна средина и просторно планирање и Државниот инспекторат за истата намена. За каков измамник станува збор во кратки црти.

Да потсетам на рудникот Казандол. Партијата на личноста вели дека рудникот ќе загадувал и ќе труел народ. Истата личност потпишала дека соодветната опрема е набавена од најреномираната еколошка фирма за рударство, од најзелената држава на планетава – Финска. А таа, ангажирана од истата личност, потврдува дека нема да загадува. Сепак, личноста учествува во одземањето на дозволата на рудникот. Само од една и едноставна причина. Си барале ли на најпримитивниот начин: толку за партијата, толку за курирот, онолку за посредникот и знаеш уште колку за нашава? А не е струмичка линијата. Пари другарки нема да видите.

Сега Цементара и Железара ли се на ред? Се извинувам на читателската публика. Заборавив да објаснам за рудникот Тораница.

Според истиве еколошки политичари, се случил „екоцид“ во Крива Паланка и експлодирала хидројаловишната брана. Пукна цевка со техничка вода. Каква измама кон граѓаните на Македонија.

И на крај активистите од Струмичката котлина со години ја замајуваа јавноста и пласираа паника и страв кон нивните сограѓани дека рудникот Иловица –Штука, кој е најголем потенцијален рудник за бакар и злато во Македонија и вреди милијарди евра во кој мора да се вработат директно и индиректно 3.500 домаќинства, дека ќе го загрози земјоделието со пет сантиметри прашина на метар квадратен.

Повторно потврдувам благодарение на моите професори научници дека новите технологии не дозволуваат систематско загадување на почвата и водата, туку напротив нејзино спасување и одржување.

П.С. Го повикувам јавно директорот на АНБ да се заинтересира за антидржавните повици за уништување на целокупната економија во Македонија. Спремен сум до детали да објаснам. Да ставиме крај со манипулациите под мотото со кое лажните активисти ќе се соочат: кој, каде и кога!

Поврзани содржини