📽️ „НЕ САКАВ ДА ГЛЕДАМ ЛУЃЕ КАКО ВРЕСКААТ“ Проговори Ахмед од Сиднеј кој ги спаси Евреите во Бонди

Не можев да стојам. Не сакам да гледам крв, не сакам да слушам пиштол. Сакав само да спречам убивање невини луѓе, вели сирискиот имигрант Ахмед кој не се двоумеше да му ја одземе пушката на напаѓачот од Бонди среде страшниот напад.

496

Човекот што со голи раце ги разоружа напаѓачите на плажата Бонди и стана симбол на човечноста, проговори за медиумите. Ахмед ал Ахмед, сирискиот мигрант и татко на две деца од Сиднеј, се опорави откако прележа 3 операции во болница.

Ахмед не размислувал долго кога го здогледал вооружениот Саџид Акрам како пука кон луѓето што ја славеле Ханука на плажата.






– Го држев со десната рака и му велев да го фрли оружјето, да престане – изјави тој за „Си-Би-Ес њуз“.

Неколку секунди подоцна му ја одзел пушката и му го спречил понатамошното убивање.

Крв на песокот, човечност во воздухот

Нападот што австралиската полиција го оцени како терористички чин против еврејската заедница заврши со 15 мртви и 40 повредени. Тоа е најсмртоносното масовно пукање во Австралија по 1996 година.

Напаѓачот Акрам бил убиен на лице место, а неговиот син Навид обвинет за 59 прекршоци, меѓу кои и 15 за убиство.

 

„Не сакам да гледам луѓе како врескаат“

Ахмед зборуваше со треперлив глас за моментот кога, како што вели, „душата му заповедала“ да делува.

– Не можев да стојам. Не сакам да гледам крв, не сакам да слушам пиштол. Сакав само да спречам убивање невини луѓе – рече тој.

„Најдобриот од нашата земја“

Додека се борел со напаѓачот, другиот терорист го застрелал неколку пати во рамото. Помина низ 3 операции, а граѓаните за него доброболно собраа 2,5 милиони австралиски долари додека лежел во болница.

Премиерот Ентони Албанезе го нарече „најдобриот од нашата земја“, а премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, го опиша како „херој од вистинскиот живот“.

Неговите родители за Би-Би-Си изјавиле дека „совеста и човечноста на нивниот син го победиле стравот“.

 

Поврзани содржини