БАНКИТЕ ДОБРО РАБОТЕЛЕ И ВО ТРЕТИОТ КВАРТАЛ Стапката на нефункционални кредити падна на историски најниско ниво

Советот на Народна бакна оцени дека растот на депозитите и натаму е солиден, иако е благо забавен, при што значителен придонес имаат денарските и долгорочните депозити.

326

И во третиот квартал од годинава, банкарскиот сектор работи стабилно и сигурно, со висока солвентност, подобрена ликвидност и со подобар квалитет на кредитното портфолио. Стапката на адекватност на капиталот е стабилна и изнесува  19,5%, а ликвидносната позиција зајакна со што покрива значителен дел од краткорочните обврски и од депозитите на домаќинствата, оценува Советот на Народна банка во последниот извештај.

Како што е соопштено резултатите од стрес-тестовите укажуваат на висока отпорност на банкарскиот систем на потенцијални шокови.






Во овој квартал квалитетот на кредитното портфолио дополнително е подобрен, а стапката на нефункционални кредити се намали на историски најниското ниво од 2,3%.

Оценето е дека растот на депозитите и натаму е солиден, иако е благо забавен, при што значителен придонес имаат денарските и долгорочните депозити.

Кредитниот раст на нефинансиските сектори забави на квартална основа, додека годишната стапка на раст на вкупните кредити благо се зголеми и изнесува 14,9%.

Советот оценува дека од јануари до крајот на септември банкарскиот сектор остварувал добивка од работењето, иако таа благо се намали, но показателите за профитабилноста и натаму се на солидно ниво.

 

Поврзани содржини