СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА ПРЕД БАНКА ВО СОЛУН Оштетени неколку возила, нема повредени луѓе

144

Материјална штета на згради и на неколку паркирани возила предизвика силната експлозија што во текот на ноќта се случи пред филијала на банка во населбата Евсомос во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Од експлозијата нема повредени лица, а според првичните информации, не претходел предупредувачки повик или какво било друго известување.






Според државната телевизија ЕРТ, експлозијата била толку силна што се слушнала и на оддалеченост од над еден километар, а најмалку седум паркирани автомобили и објектите во околината претрпеле материјална штета.

Во тек е истрага на грчката полиција и одделот за деактивирање на експлозивни направи на грчката полиција за околностите на експлозијата.

Поврзани содржини