ПЕТМИНА МОНСТРУМИ ВО ТЕТОВО СИЛУВАЛЕ 15-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Им следува најмалку по 8 години затвор за трговија со дете
Првопријавениот Ф.М. во временскиот период од мај 2023 година до крајот на 2024 година, доведувајќи го во заблуда детето жртва, тогаш на 15 годишна возраст, дека ќе почнат љубовна врска, преку сериозна закана и уцена ја принудил жртвата на користење опојни дроги и на сексуална експлоатација.
Ужасно злосторство се случило во Тетово, петмина мажи силувале 15-годишно девојче.
Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при БЈБ на МВР, конкретно Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, поради постоење основани сомненија за сторени кривични дела до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) денеска поднесе кривична пријава против 5 лица, сите од Тетово, и тоа: против лицето Ф.М.(25) – за кривично дело Трговија со дете (член 418-г ст.1 и ст.2 од Кривичниот законик), против лицата И.Д.(56), А.С.(30) и Л.С.(28) за сторено кривично дело – Трговија со дете (член 418-г ст.3 од КЗ) и против лицето – Р.М.(31) за кривично дело Полов напад и силување (член 186 , ст.1 и ст.2).
Петопријавениот Р.М. по претходен договор со Ф.М., како лице задолжено за безбедноста на детето, ја искористил неговата улога и присилно, спротивно на волјата на детето извршил полов однос врз детето.