ФИЛИПЧЕ ВОЗЕШЕ ПОДАРЕНО „АУДИ“, КОВАЧЕВСКИ ИЗБЕГА, СТРУЈАТА ЈА ПОСКАПЕА ЗА 50% Народот ги памети грабежите во енергетскиот систем

ВМРО-ДПМНЕ прашува и од каде му е службеното луксузно „Ауди Q8“, алудирајќи на газдата на бугарската фирма „Зобек мининг груп“. Партијата тврди и дека повеќе од 50 функционери се со кривични пријави и потсетува дека поранешен директор на ЕСМ Васко Ковачевски, од редовите на СДСМ, е во бегство со украдени пари.

2,323

Каква е врската на лидерот на СДСМ Венко Филипче со Енис Колашинац, бизнисменот кој го снабдуваше ЕСМ со јаглен во времето на претходната влада, прашува ВМРО-ДПМНЕ. Во обемно соопштение партијата вели дека народот ги памети „грабежите во енергетскиот сектор“.

„Поради колапсот и неспособноста да менаџираат со електроенергетските капацитети, како криминалните тендери со кои се богатеа, за седум години власт, СДСМ за 7 години власт ја поскапе струјата за 50%“.






ВМРО-ДПМНЕ прашува и од каде му е службеното луксузно „Ауди Q8“, алудирајќи на газдата на бугарската фирма „Зобек мининг груп“.

ВМРО-ДПМНЕ тврди и дека повеќе од 50 функционери се со кривични пријави и дека поранешен директор на ЕСМ Васко Ковачевски, од редовите на СДСМ, е во бегство со украдени пари.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ потоа во соопштението ги истакнува мерките кои ги презела владата кои, како што велат, прават разлика во енергетиката. Меѓу мерките се споменати договорот за фотонапонската електрана „Битола 3“  и за ревитализација на хидроелектраните вреден 93 милиони евра, ветернот парк во Богданци вреден 37,6 милиони евра и инвестицијата на „Алказар енерџи” во Штип и околината во вредност од околу 500 милиони долари.

„Паралелно на ова, за граѓаните да не ги осетат потешкотиите и да го заштити нивниот стандард во периодот на консолидација на енергетскиот сектор, Владата одлучи да ги субвенционира сметките на струја на граѓаните.

Од друга страна, зголемувањето на цената на струјата во Македонија е најниско во Европа, а СДСМ тие што цело време лажеа и ширеа паника дека ќе има дупло поголемо зголемување. За тоа треба и јавно да се извинат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини