СУДОВИТЕ УТВРДИЈА ДЕКА НЕЗАКОНСКИ БЕВ ОТПУШТЕН, ОЧЕКУВАМ СТОРИТЕЛИТЕ ДА ОДГОВАРААТ Наќе Чулев раскажа за траумите низ кои поминал како жртва на политички прогон
„Оваа објава не ја пишувам за освета, ниту за саморекламирање, туку за вистината да биде јавно запишана. Да се знае дека човек може да биде понижен, но не мора да биде скршен; дека може незаконски да му се одземе работната позиција, но не и достоинството, искуството и знаењето; и дека вистината, иако привремено сокриена, секогаш излегува на виделина“ – пишува Чулев.
По долгите судски процеси, судовите утврдија дека одземањето на безбедносниот сертификат и моето отпуштање биле незаконски, дека целата конструкција била неправична и политички мотивирана, а против сторителите е поднесена кривична пријава за злоупотреба на институциите, за која очекувам институциите да постапат, а сторителите да одговараат, пишува на својот профил на Фејсбук поранешниот министер за внатрешни работи и поранешен директор на Агенцијата за разузнавање Наќе Чулев.
Тој во своајта објава пишува за годините на понижување, клевети и неправда, што ги поминал во својата професионална кариера, во кои бил цел на организирана кампања на дезинформации и политички прогон од претходната власт.
„Незаконски ми беше одземен безбедносниот сертификат и незаконски бев отпуштен од работа. По долга и исцрпувачка борба, судовите во Македонија тоа јасно го утврдија и го запишаа во своите пресуди.
Тоа беа години на јавно понижување и дискредитација, медиумски конструкции и лажни наративи, како и силен притисок врз моето семејство и моите деца. Човек кој речиси 25 години чесно служел во безбедноста на државата и соработувал со меѓународни партнери, одеднаш беше прогласен за „безбедносен ризик“ – не поради дело, туку поради политичка одлука и затоа што јавно зборував за корупцијата и аномалиите во системот.
Ќе бидам искрен – тоа беше период кога човек лесно може да се скрши. Неправедни обвинувања, закани и нехумани притисоци, рушење на угледот и болката кога твоите деца трпат за нешто за што не се виновни, се исклучително тешки. Но, правдата, колку и да е бавна, со вера и истрајност, сепак доаѓа.
По долгите судски процеси, судовите утврдија дека одземањето на безбедносниот сертификат и моето отпуштање биле незаконски, дека целата конструкција била неправична и политички мотивирана, а против сторителите е поднесена кривична пријава за злоупотреба на институциите, за која очекувам институциите да постапат, а сторителите да одговараат.
Оваа објава не ја пишувам за освета, ниту за саморекламирање, туку за вистината да биде јавно запишана. Да се знае дека човек може да биде понижен, но не мора да биде скршен; дека може незаконски да му се одземе работната позиција, но не и достоинството, искуството и знаењето; и дека вистината, иако привремено сокриена, секогаш излегува на виделина“ – пишува Чулев.
Тој понатаму вели дека ова не е само негова приказна, и дека многу луѓе и денес водат битки по судови за да ја докажат својата невиност и да ја вратат честа и професионалниот интегритет. Тоа е симптом на поширок проблем – политички прогон и злоупотреба на институциите кои ја разоруваат довербата во државата и ги уништуваат семејствата.
„Јавно им благодарам на моето семејство, на пријателите, сограѓаните и меѓународните партнери кои не поверуваа во лагите, како и на сите кои ме поддржаа – јавно или тивко, тогаш кога беше најтешко. Ќе продолжам да се борам за општество во кое никој нема да биде гонет затоа што мисли поинаку, во кое институциите нема да бидат алатка за политички прогон и во кое честа, професионалноста и интересите на Македонија ќе бидат пред сè“ – пишува поранешниот министер за внатрешни работи.