ДА ПРЕКИНАТ ПОЛИТИЧКИТЕ ЗЛОУПОТРЕБИ НА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ Годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова

Со овој судски процес, како што рече, ќе се види дали судството ќе ја стекне или трајно ќе ја изгуби довербата кај граѓаните.

555

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во денешното годишно обраќање пред пратениците во Собранието повика на национален консензус во однос на евроинтеграциите и потенцира дека проблемот не е само административен туку лежи во уставните амандамни нагласувајќи дека тоа е политички критериум. Според неа, потребни се јасни гаранции од ЕУ и од Бугарија.

Осврнувајќи се на трагедијата во Кочани, Сиљановска – Давкова рече сите ние ќе ја носиме траумата од трагедијата во Кочани посочувајќи, меѓу другото, дека со пожарот во кој загинаа 63 лица, на површина излегоа стихијното одлучување недостигот на системска култура, неказнивост и ја истакна потребата за длабоко преиспитување.






– Кочани не доведе до ѕидот на срамот, рече таа. Таа оцени дека трагедијата не била само несреќен случај, туку резултат на системски пропусти, корупција и институционална неодговорност кои државата ја довеле до „ѕидот на срамот“.

Сиљановска Давкова рече дека толерирањето на корупцијата и несанкционирањето на криминалот ја зголемуваат опасноста до точка на катастрофа.

– Кочани не беше само трагедија. Тој настан нè доведе до ѕидот на срамот, а потоа и до можноста за катарза… Во случајот на Кочани не зборуваме само за право, туку за правда, етика и морал. Ја разбирам болката на семејствата на настраданите. Го разбирам нивниот оправдан гнев и бес – истакна претседателката.

Таа потсети и на моментите на солидарност – медицинските тимови, хеликоптерите и активирањето на Европскиот механизам за цивилна заштита, кои покажаа дека во најтешките моменти „не сме сами“.

Претседателката Силјановска Давкова побара од политичките партии и политичарите да ги прекинат препукувањата на дневна основа на сметка на судскиот процес за Кочани. Со овој судски процес, како што рече, ќе се види дали судството ќе ја стекне или трајно ќе ја изгуби довербата кај граѓаните. Неслучајно, додаде таа, преговорите со ЕУ почнуваат и завршуваат со правосудството.

Претседателката Сиљановска – Давкова рече дека се надева оти Собранието наскоро ќе го донесе новиот закон за Судски совет и оти потоа таа ќе номинира двајца претставници.

Во својот говор таа зборуваше и за надворешната политика, за правичната застапеност, за фемицидите, за животната средина…

Во својот говор таа истакна дека како претседателка, која настапува како граѓанка, имала комуникација со многу граѓани од кои ја чула нивната потреба, со наши успешни луѓе, но и со лицата со попреченост.

На годишното обраќање на претседателката Сиљановска – Давкова присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, претставници на судската власт, началникот на Генералштабот Сашко Лафчиски, претставици на верските заедници, на дипломатскиот кор и други.

Поврзани содржини