КОСОВЕЦ УДРИ АВТОБУС НА ЈСП И ИЗБЕГА Возач создаде хаос во Скопје, приведен е на граница

Полицијата го уапси возачот кој го напуштил местото на сообраќајната незгода во центарот на Скопје.

2,498

На Граничниот премин Долно Блаце вчера попладне беше уапсен Л.С. (65) од Косово, поради тоа што на скопските улици учествувал во сообраќајна незгода и го напуштил местото на настанот.

Инцидентот се случил околу 15:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, кога возилото на Л.С., „фолксваген голф“ со косовски регистарски ознаки, се судрило со автобус на ЈСП. По судирот, возачот го напуштил местото на настанот, по што се вмешала полицијата и го лишила од слобода на граничниот премин околу 15:30 часот.






Полицијата најавува дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, а истрагата ќе открие дали во незгодата има повредени лица и каква е материјалната штета.

Поврзани содржини