БУГАРИЈА ИЗДВОИ 260 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРУГАТА КОН МАКЕДОНИЈА Треба да биде завршена во 2029 година

Треба да се изгради двојна железничка линија за брзини до 160 км/ч, а рокот за имплементација е до средината на 2029 година.

38

Бугарската национална компанија „Железничка инфраструктура“ (НКЖИ) ги избра градителите за модернизација на железничката линија Софија – Перник – Радомир и Ѓуешево – граница со Македонија. Вкупната вредност на можните договори за поправка на делниците е над 260 милиони евра без ДДВ.

И двата проекти се дел од Коридорот 8, а нивната имплементација е важен чекор кон обновување на железничката мрежа и подобрување на регионалната поврзаност помеѓу Црното и Јадранското Море, објаснува НКЖИ.






Делницата од Софија преку Перник до Радомир ќе ја поправи конзорциумот ИСПА, кој понуди 210 милиони евра.

Инаку, треба да се изгради двојна железничка линија за брзини до 160 км/ч, да се реновира развојот на пругата кај станиците и целосно да се елиминираат премините на ниво со патен и пешачки сообраќај. Рокот за имплементација е до средината на 2029 година, објави бугарската железница.

Поврзани содржини