📽️ КОЛАПС НА РОБО-ТАКСИЊАТА ВО САН ФРАНЦИСКО Кога нема струја и роботите стивнуваат

Привремено ја прекинавме услугата во целата област заради безбедност, но брзо ја обновивме кога снабдувањето беше стабилизирано, изјави портпаролот на компанијата за автономни таксија „Waymo“. Прекинот на струјата во саботата попладне направи мал хаос во Сан Франциско.

194

Масовниот прекин на електричната енергија во Сан Франциско во саботата попладне создаде неочекуван хаос. Автономните такси возила на компанијата „Waymo“ останале заглавени на раскрсници и булевари, додека целиот град бил без струја.

Енергетската компанија PG&E потврди дека дефектот настанал поради пожар во трафостаница што предизвикал „широко распространета штета“. Повеќе од 100.000 домаќинства останале без електрична енергија.

 






Видеа на социјалните мрежи покажале десетици робот-такси возила паркирани среде улица, без можност за движење. Сообраќајот бил парализиран, а возачите се обидувале да ги заобиколат замрзнатите возила.

– Привремено ја прекинавме услугата во целата област заради безбедност, но брзо ја обновивме кога снабдувањето беше стабилизирано – изјави портпаролот на „Waymo“.

Градоначалникот Даниел Лури испратил дополнителни полициски и противпожарни екипи за регулирање на сообраќајот, бидејќи голем дел од семафорите биле исклучени. Прекини биле забележани и на линиите на приградската железница.

„Waymo“ наведе дека останала во постојан контакт со градските служби и дека ќе изврши детална анализа на инцидентот за да спречи вакви застои во иднина.

 

Поврзани содржини