МВР ИМА ДУРИ 50,3% ДОВЕРБА КАЈ ГРАЃАНИТЕ Институција која има најголема доверба за справување со корупцијата

Според извештајот на МЦМС, вкупната доверба во Министерството достигнува 50,3 %, што е значително повисоко од 33,9 % во 2023 година што е јасен индикатор дека мерките за транспарентност, отчетност и професионалност носат резултати.

112

Значајно се зголемила довербата на граѓаните во работата на Министерството за внатрешни работи (МВР), покажува Извештајот за процена на корупцијата во Северна Македонија 2025 подготвен од МЦМС.

Според извештајот, вкупната доверба во Министерството достигнува 50,3 %, што е значително повисоко од 33,9 % во 2023 година што е јасен индикатор дека мерките за транспарентност, отчетност и професионалност носат резултати, соопшти МВР.






„Дополнително, оцените на граѓаните за перцепцијата на корупцијата меѓу службениците покажуваат тенденција на намалување, што укажува на подобрена институционална дисциплина и успешни напори за намалување на коруптивни практики.

Јавноста исто така ги препознава МВР и Владата како институции со највисока доверба за справување со корупцијата, што ја зацврстува улогата на Министерството како кредибилен партнер во борбата за законитост и ред.

Овие позитивни трендови мотивираат МВР да продолжи со интензивирање на реформите, активностите за едукација и отчетност, со цел уште повеќе да ја зголеми довербата на граѓаните во институцијата“, се наведува во соопштенито од МВР.

 

Поврзани содржини