РУСКА ИНВАЗИЈА НА ЕВРОПА – РЕАЛНА ОПАСНОСТ ИЛИ ГОЛА ПРОПАГАНДА? Професорот Малески вели дека најважно е која линија ќе победи во САД

Антивоените инстинкти кај Доналд Трамп се исправни, но неизвесно е дали ќе успее да ги претвори во државна политика – пишува професор Денко Малески во колумна за порталот Либертас.

334

Ова не би смеело да помине незабележано во македонската јавност. Тулси Габард, директорката на американската национална известителна агенција (DNI ) се огласи вчера во јавноста за да го демантира доминантниот наратив на Западот, дека Русија има намера да ја окупира цела Украина и да продолжи кон Западна Европа – пишува поранешниот министер за надворешни работи, колумнист и аналитичар, професор Денко Малески.

Таа изјави дека, според анализите на националните известителни служби на Америка, Русија не планира, ниту има капацитети, да ја окупира цела Украина и да изврши инвазија на Европа. Додаде дека, да се зборува спротивното значи да се зголемат тензиите меѓу Западот и Русија.






Веќе денеска сенаторот Линдзи Греам, „јастреб“ кој мнозина го сметаат за најлошиот сенатор во историјата на американскиот Конгрес, бара од Америка да ја ескалира војната против Русија и да почне да испорачува на Украина ракети со долг дострел од типот „Томахавк“.

Од тоа која линија ќе победи, онаа на политичари како Тулси Габард или на политичари како Линдзи Греам, зависи светскиот мир. Тешко на претседателот. Инстинктите за мир кај Доналд Трамп се исправни. Но, дали ќе успее во тоа своите антивоени инстинкти да ги претвори во државна политика на Америка, е сосема друга тема – пишува Малески во колумна на Либертас.

Поврзани содржини