ОД УТРЕ ПОПЛАДНЕ ДОЖД И СНЕГ Доаѓаат студени и врнежливи денови
На планините над 1.300 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и се очекува да се формира снежна покривка.
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот во комбинација со продор на поладен воздух од север, од утре попладне (вторник) и во следните денови времето во Македонија ќе биде претежно облачно и релативно ладно со повремени локални врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни.
На планините над 1.300 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и се очекува да се формира снежна покривка.
Во Скопје и околината од утре попладне времето ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд.
Прочитајте повеќе за прогнозата од метеопрогнозерот Славчо Попоски на следниот линк.