СТУДЕНТСКИ ПРОТЕСТ ВО НОВИ ПАЗАР Универзитетот отпушти 30 професори, студентите бараат оставки

Денешниот протест во Нови Пазар е организиран поради што Државниот универзитет во Нови Пазар им го укина статусот редовен студент на 200 лица и отпушти 30 професори, кои го поддржуваат студентското движење, кое почна по падот на натстрешницата во Нови Сад.

688

Неколку илјади активисти од цела Србија денеска се придружија на протестот на студентите од Државниот универзитет во Нови Пазар (ДУНП).

Српските студенти протестираат против политичкото мешање во високото образование по падот на натстрешницата во Нови Сад, при што загинаа 16 луѓе. Студентите бараат одговорност за трагедијата, тврдејќи дека корупцијата и неквалитетната работа довеле до несреќата.






Денешниот протест во Нови Пазар е организиран поради што ДУНП им го укина статусот редовен студент на 200 лица и отпушти 30 професори, кои го поддржуваат студентското движење. Тие бараат оставка од управниот одбор на Универзитетот и избор на нов ректор.

Студентите од Нови Пазар пешачеа 16 дена и пред 1 ноември и на годишнината од трагедијата пристигнаа во Нови Сад, каде со масовен собир им беше оддадена почит на жртвите.

Студентите го обвинуваат српскиот претседател Александар Вучиќ и неговата Српска напредна партија (СНС) за поттикнување на корупција, лоши јавни услуги, непотизам и за ограничување на слободата на медиумите.

Вучиќ изјави дека на денешниот протест во Нови Пазар имало мал број луѓе и оти „како и секогаш, е бесмислен“.

Поврзани содржини