АКО Е ЗИМА, НЕ Е ЛАВ Почнува најстудената сезона, ама и зголемувањето на денот
Денеска е сонцестој, краткоденица, најкраткиот ден во годината. Денот во Македонија ќе трае 8 часа и 55 минути. Сонцето ќе зајде во 16 часот, по што ќе почне најдолгата ноќ.
Вечерва, 21 декември 2025 година, во 22 часот и 3 минути по средноевропско време ќе настапи зимскиот солстициј, моментот кога Сонцето е на својата најниска позиција на хоризонтот и кога на северната хемисфера календарски ќе почне зимата. Метеоролошката зима почна на 1 декември.
Денеска е сонцестој, краткоденица, најкраткиот ден во годината. Денот во Македонија ќе трае 8 часа и 55 минути. Сонцето ќе зајде во 16 часот, по што ќе почне најдолгата ноќ.
Северниот пол денеска е најдалеку од Сонцето, а јужниот пол е најблиску. На јужната Земјина полутопка денеска ќе почне летото.
Од утре денот ќе почне да се зголемува до летната долгоденица, на 21 јуни, 2026 година, кога ќе почне летото.
На краткоденица Сонцето „застанува“ и напладне е најниско на небото. Зборот solstice доаѓа од латинското sol stitium што значи „сонцето стои“.
Зимата календарски ќе трае до 20 март 2026 година, кога ќе настапи пролетната рамноденица, ексвинокс.
И покрај тоа што светлината од утре ќе почне да се зголемува, најстудениот период допрва следи, поради таканаречената „термална инерција“, односно, Земјата бавно се лади и бавно се загрева.
Зимската краткоденица имала особено значење во многу древни култури, каде што се славела како симбол на повторното раѓање на светлината, надежта и новиот почеток. Дел од тие традиции се препознаваат и денеска, во празничните обичаи поврзани со крајот на декември.