ПОЧИНА ЛЕГЕНДАТА НА МАКЕДОНСКОТО РАДИО Костиќ беше диџеј, музички колекционер и новинар

Костиќ беше и еден од легендарните скопски диџеи и голем колекционер на музика. Ја започнал кариерата во Радио Скопје со „Диско Селектор“. Во последните години беше познат и по своето телевизиско шоу со „Б со точка“ и со онлајн емисијата „Кавервил“.

2,685

По кратко боледување на 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ, еден од најпопуларните радио-водители и музички новинари во Македонија, потврдиле негови пријатели и соработници. Во ноември минатата година, Костиќ прослави 50 години од радиоемисијата „Диско селектор“ со настанот „Последниот танц“ во арената „Јане Сандански“.

Костиќ беше и еден од легендарните скопски диџеи и голем колекционер на музика. Ја започнал кариерата во Радио Скопје со „Диско Селектор“. Од 1991 година ја водеше емисијата „Заборави ако можеш“.






Во последните години беше познат и по своето телевизиско шоу со „Б со точка“ и со онлајн емисијата „Кавервил“.

 

Поврзани содржини