ЈУНАКОТ ОД „ЛУД, ЗБУНЕТ, НОРМАЛЕН“ БЕШЕ ОСУДЕН ЗА ПЕДОФИЛИЈА, СЕГА МУ Е ОДЗЕМЕНА И НАГРАДАТА Актерот ја откупил затворската казна во ноември лани
Актерот Моамер Касумовиќ, ѕвезда од серијата „Луд, збунет, нормален“, ја врати Третојануарската награда на општина Бијело Поље која ја доби во 2017 година, откако беше осуден за блудничење врз 15-годишно момче
Актерот Моамер Касумовиќ (44), ѕвезда од серијата „Луд, збунет, нормален“, ја врати Третојануарската награда на општина Бијело Поље која ја доби во 2017 година, откако конечно беше осуден за тешкото кривично дело педофилија.
Иницијативата за одземање на наградата била на член на одборот на Демократска Црна Гора, Марко Ѓукиќ, кој побара наградата на Моамер Касумовиќ формално да му биде одземена поради конечната пресуда.
Иако Општинското собрание усвоило општи заклучоци според кои наградите можат да бидат одземени од лица осудени за тешки кривични дела, во овој конкретен случај не била донесена конкретна одлука.
Касумовиќ ја доби наградата во 2017 година, додека неколку години подоцна во Сараево изврши блудничење врз петнаесетгодишно момче.
Во своето соопштение за медиумите, Касумовиќ, меѓу другото, објасни дека решил да го преземе овој чекор за да, како што нагласи, го зачува достоинството и интегритетот на самата награда.
Актерот кој беше осуден во Сараево со казна затвор од една година, ќе биде вклучен во Регистарот на сторители на кривични дела против сексуалната слобода во Црна Гора.
Според информациите од Општинскиот суд во Сараево, Моамер Касумовиќ бил осуден за блудни дела против петнаесетгодишно момче, а конечната пресуда била изречена на 22 мај 2023 година. Обвинението против него го поднело Обвинителството на сараевскиот кантон на почетокот на февруари 2021 година.
Касумовиќ ја откупил затворската казна во ноември минатата година, плаќајќи 36.500 КМ, односно, околу 18.000 евра за сексуална злоупотреба на 15-годишен малолетник.