СО ЛАЖЕН ИСКАЗ Ѝ ДАЛЕ НАДОМЕСТ ЗАРАДИ ПОПРЕЧЕНОСТ Ќе одговараат 7 лица меѓу кои и бившата директорка на Центарот за социјални работи во Тетово

292

Kривична пријава е поднесена против поранешна директорка и против вработени во Центарот за социјални работи во Тетово, како и три лица од Боговиње поради злоупотреби при остварување на право на надомест заради попреченост, соопшти полицијата.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.А.(46) од Тетово, вработен како раководител на сектор во Јавна установа Центар за социјални работи – Тетово и В.А.(49) од Тетово, директор во установата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, против Ќ.Б.Д.(34) од Тетово, стручен соработник, и А.Љ.(40) од Тетово, социјален работник во установата поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против М.Н.(57), Ш.С.(52) и А.Ф.(54), сите од селото Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на службена исправа“ и „давање лажен исказ“.






Во текот на 2024 година, првопријавениот изготвил и донел позитивни решенија за остварување право на надомест заради попреченост на лице со најтешка телесна попреченост, на име на петто и шестопријавената, за кои претходно не била извршена соодветна проверка. Второпријавената како директор потпишала и донела позитивно решение по истиот основ на име на седмопријавената.

Трето и четвртопријавените, кои ги воделе постапките за лицата, не извршиле непосреден увид во домаќинството на корисникот, додека петто, шесто и седмопријавената во постапката пред надлежен орган – ЈУМЦСР Тетово, поднеле барања со давање лажен исказ дека истите ги исполнуваат условите за остварување на правото на надомест за попреченост на лице со најтешка телесна попреченост. Тие приложиле и фалсификувана службена исправа – конзилијарно мислење, за што по извршените проверки констатирано е дека наведените лица воопшто немале закажан термин.

 

Поврзани содржини