„ЛУТ СУМ, 10.000 ЛУЃЕ ЈА ПЦУЕЈА МАЈКА МИ“ Турските трибини отворија стара рана меѓу Атаман и Муратаноглу

Многу сум лут! Тие луѓе, десет илјади од нив, пееја песна за мојата мајка, која има 87 години. Тоа не е во ред. Горд сум што сум селектор на Турција, изјави тренерот на Фенербахче. Неколку часа подоцна, познатиот турски новинар Мурат Муратаноглу јавно возврати со жестока критика велејќи „жал ми е што Атаман не го кажуваше истото кога беше тренер на Галатасарај“.

2,547

Кошаркарскиот натпревар меѓу Панатинаикос и Фенербахче, кој заврши со победа на грчкиот гигант (81:77), остави горчлив вкус поради навредливата атмосфера на трибините. Тренерот на гостите, Ергин Атаман, кој е и селектор на турската репрезентација, по мечот експлозивно реагирал на песната што десет илјади домашни навивачи ја пееле навредувајќи ја неговата мајка.

– Многу сум лут! Тие луѓе, десет илјади од нив, пееја песна за мојата мајка, која има 87 години. Тоа не е во ред. Горд сум што сум селектор на Турција – изјави Атаман.






Неколку часа подоцна, познатиот турски новинар Мурат Муратаноглу јавно возврати со жестока критика.

– Жал ми е што Атаман не го кажуваше истото кога беше тренер на Галатасарај. Тогаш не реагираше кога некои луѓе ја пцуеја мајка ми, која го носеше дресот на истиот клуб. Неговата мајка е мајка, а мојата не е? – рече Муратаноглу.

Тој потсети дека непристојностите на трибините не се нов феномен во турската кошарка, туку резултат на долготрајни лични и спортски пресметки. Муратаноглу и Атаман одамна имаат медиумска „војна“ од времето кога Ергин работеше во Турција. Двајцата често се судираа преку изјави и јавни коментари.

Муратаноглу додал дека мајките и татковците се свети личности и дека ваквите напади ги деградираат спортските вредности.

– Мајките се нешто свето. Никој родител не заслужува вакви навреди. Наместо тоа, Атаман можеше да зборува и за судењето, кое беше контроверзно – заврши новинарот.

 

Поврзани содржини