ОХРАБРУВАЧКИ БРОЈКИ ВО ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕК ЗА БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА Македонија бележи промени по 7 години стагнација

Повикувајќи се токму на Извештајот од Европската комисија, после два последователни најлоши извештаи во 2023 и 2024 година, конечно 2025 година ја бележиме со еден охрабрувачки раст од една оцена 1,55 и со една тенденција 3,11 за подготвеноста во делот на усогласување со европското законодавство, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ во ТВ гостување.

210

,,За 16 месеци, споредбено со изминатите 7 години навистина се направи еден охрабрувачки исчекор во делот со борбата со корупцијата и би сакала ова да го поткрепам со факти. Повикувајќи се токму на Извештајот од Европската комисија, после два последователни најлоши извештаи во 2023 и 2024 година, конечно 2025 година ја бележиме со еден охрабрувачки раст од една оцена 1,55 и со една тенденција 3,11 за подготвеноста во делот на усогласување со европското законодавство“.

Вака изјави Марија Петрушевска, пратеничка во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во денешното издание на регионалната телевизија Њусмакс.






Зборувајќи во врска со Самитот ЕУ-Западен Балкан, Петрушевска истакна дека Македонија останува цврсто посветена на реформите, регионалната соработка и усогласеноста со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

– Овој Самит претставува исклучителна можност, токму челниците на ЕУ да ја потенцираат политиката на проширување, како дел од својата геостратешка определба и приоритет кога станува збор за силна и обединета Европа. Сите земји од Западен Балкан, не само географски, туку и културолошко припаѓаат во тоа европско семејство. Овој Самит е дел од таа стратешка агенда на ЕУ со којшто ќе се потенцира или повторно ќе се адресира прашањето, дека политиката на проширување особено кога се однесува на земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија е високо на агендата – посочи Петрушевска.

За очекувањата од самитот Петрушевска вели:

– Очекуваме на овој Самит да се адресираат и прашањата кои што ги засегаат и регионот, а во којшто е вклучена и Македонија. Тоа е регионалната соработка, потоа прашањата кои што се поврзани со надворешната и безбедносната политика. Во овој дел, Македонија е навистина во еден чекор понапред споредбено од нашите соседи.

Петрушевска додаде дека во последниот Извештај на Европската комисија, во делот на надворешните односи, како што вели таа, се потенцираше дека земјата останува во целост усогласена со надворешната и безбедносна политика на ЕУ.

– Меѓутоа, за прв пат се споменува и се поздравува пристапувањето на СЕПА и партнерството кое што Министерството за одбрана го потпиша со ЕУ, а тоа се однесува на безбедност и стабилност – кажа Петрушевска.

 

Поврзани содржини