ДИРЕКТОР НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО СОФИЈА ИНСТАЛИРАЛ КАМЕРИ ВО ТОАЛЕТИТЕ Сите биле поврзани со неговиот компутер
Поставувањето камери во санитарни простории е грубо прекршување на Општата регулатива за заштита на личните податоци и Законот за заштита на личните податоци во Бугарија.
Директорот на средното училиште „Проф. Васил Златарски“ во Софија Александар Евтимов е уапсен вчера по пријава од родители дека поставил камери во тоалетите што ги користат ученичките и учениците, јавуваат бугарските медиуми.
Според првичните информации, во тоалетите биле поставени 20 камери, чии преноси биле насочени на компјутерот на директорот. Минијатурните камери наликувале на обични сензори за движење, па не можеле да бидат препознаени.
По веста дека директорот е уапсен поради поставување камери во тоалетите, ученици, родители и наставен кадар од училиштето синоќа се собраа на протест во училишниот двор.
Поставувањето камери во санитарни простории е грубо прекршување на Општата регулатива за заштита на личните податоци и Законот за заштита на личните податоци во Бугарија.
Директорот Евтимов бил назначен на функцијата во февруари лани, а претходно бил на раководни функции во училишта во Софија и во Софиската област. По веста за неговото апсење, се појавија голем број шпекулации за него, вклучително дека од најзначувањето за директор во училиштето, изрекол суспензии за 40 наставници.