ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО ИГРАЧКИТЕ? Мател сè уште нема да стави во продажба ВИ играчка

Одлуката на компанијата Мател за одложување на плановите за пуштање во продажба на играчка со вештачка интелигенција, доаѓа во услови на растечки предупредувања од експерти за негативните последици што ваквите играчки можат да ги имаат врз децата. Од попречување на развојот до изложување на несоодветни теми, објавува Futurism.

66

Добро познатиот производител на играчки Мател, компанијата која стои зад брендовите Барби и Хот Вилс, одлучи да ги паузира плановите за развој на својата прва играчка напојувана со вештачка интелигенција, која требаше да биде создадена во соработка со OpenAI.

Одлуката доаѓа во услови на растечки предупредувања од експерти за негативните последици што ваквите играчки можат да ги имаат врз децата, од попречување на развојот до изложување на несоодветни теми, пишува Futurism.






Одложени планови

Мател потврди за Axios дека нивната прва играчка развиена со технологијата OpenAI нема да биде издадена пред крајот на годината, како што првично беше планирано.

– Немаме ништо планирано за празничната сезона – рече портпаролот на компанијата.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини