ДЕНЕСКА НЕ ОДЕТЕ ПО ИЗВОД ОД МАТИЧНО Шалтерите се затворени поради бојкот на вработените

Вработените во Управата се на работните места, но не издаваат  документи. Тие бараат зголемување на платата за 20% и вработување на кадарот кој недостасува за нормално работење на Управата.

284

Граѓаните денеска не можат да извадат документи од Управата за водење матична евиденција, поради штрајк на вработените кои се незадоволни од минималните плати, непотпишаниот колективен договор и неисполнетите ветувања.

Вработените во Управата се на работните места, но не издаваат  документи. Тие бараат зголемување на платата за 20% и вработување на кадарот кој недостасува за нормално работење на Управата.






Од Независниот синдикат на Управата  за водење матична евиденција тврдат дека ако нема поместување во исполнувањето на нивните барања, следниот чекор може да биде генерален штрајк.

Потпретседателот на синдикатот, Насер Џемаили вчера предупреди дека состојбата со кадарот и платите одамна е алармантна.

-Никому не му е гајле за вработените во Управата за водење матични книги. Ниту една институција не реагира на нашите барања. А ние сме една од најважните управи во државата – без нас нема изводи, нема запишување бракови – вели тој.

Во Управата се вработени околу 350 лица, најголем дел од нив земаат минимална плата, а хроничниот недостиг од работници постојано го оптоварува системот.

Според Џемаили, недостигаат повеќе од 90 работници, а на повидок е и нов одлив на кадар поради ниските плати.

Поврзани содржини