САД Ѝ ПОНУДИЈА НА УКРАИНА ГАРАНЦИИ СЛИЧНИ НА ЧЛЕН 5 За Зеленски проблем се демилитаризираната зона и територијата
Лидерот на Украина тврди дека во Берлин добил ветување од САД дека Украина може да добие безбедносни гаранции кои одговараат на познатиот Член 5 од НАТО, но притоа земјата да се откаже членството од НАТО. Украинскиот претседател вели дека би прифатил вакви гаранции изгласани во американскиот Конгрес, но дека не пригфаќа територијални отстапки и дека е против формирање демилитаризирана зона на фронтот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски јави дека американските преговарачи ѝ порачале на Украина дека можат да ѝ понудат безбедносни гаранции слични на Член 5 од НАТО.
Таквите гаранции, според него, би значеле дека САД и другите западни сојузници ќе реагираат на нов напад врз Украина како врз сопствена територија.
– „Сега сме чуле од американската страна дека се спремни да ни дадат безбедносни гаранции кои одговараат на Член 5“ – изјави Зеленски во Берлин, јави „Ројтерс“.
Притоа, лидерот на Украина додал дека Киев е подготвен да ја остави по страна амбицијата за членство во НАТО доколку договорот со Вашингтон вклучи јасна правна обврска за одбрана на земјата.
– Овие гаранции треба да бидат правно обврзувачки и да ги потврди Конгресот на САД – дополнил Зеленски, наведува „Киев Индепендент“.
Берлинската рамка уште е тесна за Киев
Американските преговарачи ѝ рекле на Украина дека мора да ги повлече своите сили од регионот Доњецк како дел од било кој мировен договор со Русија, јави „Ројтерс“.
Функционер запознат со разговорите изјавил дека тоа е еден од условите во рамките на т.н. „берлинска рамка“ за замрзнување на војната.
– „а бидам искрен, сѐ уште имаме различни позиции, но верувам дека американските посредници ќе помогнат да се пронајде компромис – рекол Зеленски, според истиот извор.
На вториот ден од мировните разговори во Берлин Киев побарал дополнителни средби поради разликите околу територијалните прашања.
Дипломат изнел став дека „иако има напредок, територијата останува најболниот дел од преговорите“, јави „Асошиејтед Прес“.
Замрзната зона по фронтот е корисна само за Москва?
Украинската влада јасно стави до знаење дека повлекување од Донбас без гаранции би значело „принудно предавање“. Извор рекол дека Киев се плаши Русија да не ја искористи демилитаризираната зона за ново окупирање на територии.
„Билд“ јави дека преговорите се темелеле на американски мировен оквир во 28 точки чија цел е замрзнување на војната. Предлогот вклучувал повлекување на украинските сили од околу 5.600 квадратни километри во Доњецк и создавање демилитаризирана економска зона.
Москва одговорила дека во таа зона треба да влезе нејзината Национална гарда, предлог што Киев го оцени како „апсурден“.
Берлин, центар на надежите и стравовите
Според „Дојче Веле“, вторриот ден разговори меѓу САД и Украина поминал без конкретен договор. И САД и Европа потврдија дека „мировниот пат останува отворен, но не и лесен“.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека ова е „далекусежен договор кој може да ја промени европската безбедносна архитектура“.
– Ова е голем чекор напред и јасна политичка обврска и на САД и на Европа – додал Мерц, пишува „Политико“.