ОСУММИНА ПОВРЕДЕНИ НА ПАТОТ ГОСТИВАР-ТЕТОВО Страшна несреќа на клучката кај Камењане

Повредените во несреќата се пренесени во тетовскиот Клинички центар.

1,269

Осум лица се повредени во несреќата која вечерва се случи во 20:05 часот, на патот Гостивар-Тетово, веднаш после клучката „Камењане“.

Во овој сериозен судир учествуваа патничкото возило „мерцедес“ со австриски регистарски ознаки и „бмв“ со тетовски таблички.






Во несреќата повреди добија осум лица, кои веднаш беа пренесени со возила на Итна медицинска помош во Клинички центар Тетово. Од полицијата информираат дека сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента додека трае увидот.

Поврзани содржини