📽️ ГЕСТОТ НА ТЕЈЛОР СВИФТ ГИ ШОКИРАШЕ СИТЕ Пејачката подели бонуси од 197 милиони долари за нејзиниот тим

Документарецот „Крајот на една ера“ открива трогателни моменти од рекордната турнеја и бонуси што им го сменија животот на стотици луѓе.

616

Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт во својот нов документарец „Крајот на една ера“ откри дека по завршувањето на рекордната турнеја „Ера“ им доделила бонуси од вкупно 197 милиони долари на членовите на својот тим.

Гестот, кој ги опфатил продукцискиот тим, асистентите, танчерите, музичарите и техничарите, се случил по финалето на турнејата во декември 2024 година. Покрај финансиските бонуси, Свифт подготвила и лично напишани благодарници, што предизвикало силни емоции кај многумина од нејзините соработници.






Во документарната серија „Крајот на една ера“, пејачката открива еден од најтрогателните моменти од турнејата – изненадувањето на тимот со подароци и пораки на крајот од секоја етапа. Во втората епизода, објавена во петокот, се гледа како Свифт лично ги подготвува пликовите за секој член на екипата.

 

– Денот за бонуси е многу важен за мене. Сакам да поставам стандард со турнејата „Ера“. Ако турнејата заработува повеќе, луѓето кои работат на неа треба да добијат поголем бонус – вели Свифт додека ги пишува писмата.

Иако точниот износ што го добил секој член на тимот не е објавен, документарецот ги прикажува нивните искрени реакции. Меѓу нив е и снимка од асистентот за продукција Макс Холмс, кој, видно шокиран додека го отвора пликот, вели: „Мислам дека ќе се онесвестам.“

Во вториот дел од серијата, Свифт лично им ги доделува бонусите на сценскиот тим, вклучувајќи ги танчерите и бендот.

 

– Драг Кам, патувавме низ светот токму како што замислувавме. Ги воодушевувавме публиките, но во исто време жртвувавме време со семејствата. Моето вистинско „благодарам“ не доаѓа од банка, но еве долари за да ти покажам колку го ценам тоа. Те сакам, Тејлор – изјави танчерот Камерон Сондерс.

Многу од членовите на тимот не ги сокриле солзите, а Свифт ги прегрнувала, нагласувајќи колку нивната работа и посветеност ѝ значат.

Традицијата на бонуси започнала уште во август 2023 година, кога по северноамериканската етапа од турнејата таа доделила повеќе од 55 милиони долари. Меѓу наградените биле и возачите на камионите што ја транспортирале сценската опрема, од кои секој добил по 100.000 долари.

 

– Таа им дава суми што им го менуваат животот. Многумина од овие возачи никогаш немале сопствен дом, а овој бонус им го овозможува тоа. Нејзината дарежливост навистина прави разлика – изјави Мајк Шеркенбах, сопственик на транспортната компанија што работела за турнејата.

Турнејата „Ера“ опфати 149 концерти во 53 градови на пет континенти. Според „Њујорк тајмс“, од продажбата на билети биле остварени 2,077 милијарди долари, додека продажбата на официјална стока се проценува на дополнителни 400 милиони долари.

Поврзани содржини