ВО АЛБАНИЈА СЕ ОДМОРАЛЕ 10,2 МИЛИОНИ ТУРИСТИ Тие потрошиле 4,4 милијарди евра

За периодот јануари-септември, просечната потрошувачка се проценува на околу 431 евро, во споредба со 398 евра во истиот период во 2024 година.

73

Странските туристи не само што доаѓаат во се поголем број, туку и трошат повеќе за време на престојот во земјата, објави Централна банка на Албанија според која за периодот јануари-септември годинава, странците потрошиле 4,4 милијарди евра, или 14,5% повеќе споредено со истиот период минатата година.

Само во третиот квартал, туристите потрошиле 2,3 милијарди евра, или 21,6% повеќе на годишна основа.






За периодот јануари-септември, просечната потрошувачка се проценува на околу 431 евро, во споредба со 398 евра во истиот период во 2024 година. Зголемувањето на потрошувачката е директно поврзано и со зголемувањето на бројот на посетители.

Податоците на Интитутот за статистика покажуваат дека за 9 месеци, Албанија ја посетиле 10,2 милиони странски државјани, со зголемување од 5,7% во споредба со истиот период минатата година.

Во исто време, потрошувачката на албанските граѓани што патуваат во странство исто така се зголемила. Според Центарлна банка нивната потрошувачка за 9 месеци достигнала 2,1 милијарди евра, што е зголемување од речиси 20% на годишно ниво.

Поврзани содржини