НИКОЈ НЕ Е „УДРЕН ПО ЏЕБОТ“ СО НОВИТЕ ПРАВИЛА ЗА МАЛИТЕ ПРАТКИ Царината не очекува драстично намалување на онлајн купувањето

Со измените и дополнувањата на Законот за ДДВ што Собранието ги усвои минатиот месец и треба да стапат во сила, се укинува ослободувањето од ДДВ за пратките нарачани онлајн во вредност до 22 евра.

234

Измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност за малите пратки, се најблаго речено многу коректни за бизнис заедницата и граѓаните и никого нема да „удрат по џеб“, а во Буџетот ќе се слеат дополнителни средства, оцени денеска директорот на Царинската управа Бобан Николовски.

Тој, како што рече, не очекува дека поради овие законски измени ќе се намали онлајн купувањето.






Со измените и дополнувањата на Законот за ДДВ што Собранието ги усвои минатиот месец и треба да стапат во сила, се укинува ослободувањето од ДДВ за пратките нарачани онлајн во вредност до 22 евра.

– Со измените, исто така, што е многу битно, земјава целосно ќе се усогласи со легислативата во ЕУ по овој основ – рече Николовски, одговорајќи на новинарски прашања.

Според него, анализите покажуваат дека драстични намалувања на купувањето онлајн не се очекуваат, а наплатата во Буџетот ќе се зголеми.

Николовски денеска информира и дека кумулативно, од почетокот на годината, Царината наплатила 119,9 милијарди денари приходи или 1,95 милијарди евра што е 4,7 % раст или близу 87 милиони евра повеќе од лани.

Раст е забележан по сите основи, 15,1% од царина, 3,2% од ДДВ при увоз, речиси 11% од данок на моторни возила и 4,6% од акциза.

 

Поврзани содржини