ГРАЃАНИТЕ ПАК ЌЕ ГО КАЗНАТ СДСМ ВО ПРВАТА ПРИЛИКА ЗА НЕОДГОВОРНОТО ТВРДЕЊЕ ЗА МИГРАНТИТЕ Јаревски порача дека ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од својата идеологија

Јавноста знае за што се залагаме, на кои принципи почиваме, какви биле нашите активности во изминатиот период и каков е нашиот став во врска со политиката за мигранти, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски.

226

Опозицијата има проблем да си дефинира и каде се наоѓа и каде се движи, што изјавува, какви тези застапува, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски.

– Јавноста знае за што се залагаме, на кои принципи почиваме, какви биле нашите активности во изминатиот период и каков е нашиот став во врска со политиката за мигранти. Но, од друга страна, имаме сериозен договор со Велика Британија, којшто ќе нуди подобро утре за нашите граѓани, серија на проекти што ќе бидат направени, што ќе помогнат за растот на економијата и на ваков начин да се обидувате да спинувате преку вакви квази тези не е ни чудо што некој тоа го цени како блесаво – рече Јаревски во гоствање на ТВ 24.






Пратеникот истакна дека обвинувањата од СДСМ во врска со прием на мигранти во Македонија од Велика Британија се неаргументирани и без факти. Порача граѓаните да бидат спокојни, затоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи цврсто да стои на своите идеолошки принципи.

– Свесно ги избегнуваат фактичките состојби, свесно избегнуваат да се соочат со реалноста, и вие сега да излезете со ваква теза, со вакво обвинување, неаргументирано, без факти е крајно неодговорно. Доброто е тоа што граѓаните и јавноста се со висок степен на одговорност.  Прочитани се, ќе добијат уште една казна во првата прилика од граѓаните за ваков неодговорен однос. Ниту една официјална потврда нема, напротив имаше демант, ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои на своите идеолошки принципи, на својата идеологија, граѓаните можат да бидат спокојни, ниту ќе ги изневериме нашите принципи, ниту ќе ги изневериме нашите граѓани – рече Јаревски.

Поврзани содржини