ЈА ПРОНАШЛЕ МРТВА, ЗАКОПАНА ВО ДУПКА ВО ГОСТИВАРСКО Две лица под сомнение за грозоморно злосторство
Едно осомничено лице е задржано во притвор и уште едно поради проверка за вмешаност во случајот, обзнани ОЈО. Постои сомневање дека жената била противправно лишена од слобода пред да биде пријавена за исчезната. Таа била пронајдена мртва во дупка во атарот на селото.
Почината жена била пронајдена во дупка во атарот на гостиварското село Неготино. Грозоморниот чин ја вознемири јавноста и ги мобилизираше истражните органи.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, во текот на ноќта, извршил увид на местото каде што било пронајдено телото на засега неидентификувано лице, закопано во земја. Според информациите на Обвинителството, дека станува збор за жена која претходно била пријавена за исчезната, со индиции дека била противправно лишена од слобода.
Обвинителот наредил обдукција и идентификација на починатото лице, како и собирање траги и докази од местото.
Во текот на ноќта биле преземени повеќе истражни дејствија. За едно осомничено лице е определен притвор од 48 часа за обезбедување докази, а уште едно лице е задржано за проверка на инволвираност во случајот.
Обвинителството најави дека ќе продолжи со активности за целосно расветлување на околностите и мотивите за злосторството.