📽️ 📷 МОКРО И ИСПЛАШЕНО КУЧЕ СПАСЕНО ОД ЛУДА МАРА Храбрите пожарникари го извадија беспомошното животно од реката

Член на здружение за заштита на животни ја известил пожарната, а пожарникарите со брза акција го извлекле кучето од реката, кое сега е во стационар за соодветна нега.

384

Синоќа, пожарникарите од Кавадарци успешно спасиле куче од водите на реката Луда Мара, по што животното е пренесено во стационар за соодветна нега.

Инцидентот бил пријавен од член на здружението за заштита на животните „Лина спаси живот – добиј живот, спас за животните“, кој забележал дека кучето е мокро, исплашено и беспомошно во речното корито. По известувањето, противпожарната служба веднаш излегла на терен и со брза и професионална акција го извлекла животното од водата.






Кучето сега е сместено во стационар каде ќе му биде обезбедена потребната медицинска помош и нега, доколку е потребно.

Во објавата на Фејсбук страницата на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев се истакнува благодарност кон пожарникарите:

„Голема благодарност за храброста, вниманието и љубовта кон животните. Хуманите дела зборуваат најгласно, заедно спасуваме животи“, пишува Јанчев.

Поврзани содржини